epa12152250 Aryna Sabalenka of Belarus looks on during her Women's quarterfinals match against Qinwen Zheng of China at the French Open Grand Slam tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 03 June 2025. EPA-EFE/YOAN VALAT

Светскиот женски тениски рекет број еден Арина Сабаленка, „гази сè пред себе“ во Париз и пошироко – а нејзината противничка во четвртфиналето на Ролан Гарос сигурно „падна“ најтешко од сите други, одличната Кинезинка Чинвен Женг.

Иако резултатот сугерира релативно сигурна победа (7:6 6:3), Белорусинката имаше малку среќа на своја страна за да ја оствари победата – особено на крајот од првиот сет.
Сепак, првото прашање на прес-конференцијата не се однесуваше на играта, туку на правењето распоред на натпреварите на денот, каде што досега немаше жени во вечерниот термин на централниот терен „Филип Шатрие.

„Дефинитивно се согласувам со критиките за тие одлуки и морам да кажам дека заслужуваме ист третман. Имаше многу одлични битки, одлични натпревари што би било убаво да се видат навечер, ќе имаше повеќе луѓе на трибините и ќе имавме можност да се претставиме пред публиката во најдобро светло. Се согласувам со тоа, заслужуваме да бидеме на поголема сцена, времето на нашите натпревари да биде подобро и повеќе луѓе да ги гледаат“, забележува таа.
Замолена да коментира за нејзиниот моментален однос со бранителката на титулата Полјачката Ига Швјонтек – нејзината противничка во полуфиналето – Белорусинката одоговри:

„Порано немавме комуникација ниту заеднички тренинг – но во последно време се сложуваме подобро. Добро се познаваме, имавме многу добри натпревари. Возбудена сум што ќе се борам со неа, ќе направам сè што е потребно за да победам. Ќе биде врвен натпревар.
Женг е една од играчите што може да ја предизвика во однос на моќта на удар, но дури ни тоа не направи разлика за неа.

„Не мислам дека некогаш сум играла против некој посилен од мене. Не ми е важно дали некој играч ќе се обиде да удри посилно од мене или ќе ме натера да трчам. Мојата игра се подобри и сум подготвена да играм против оние кои удираат посилно и оние кои ќе ме натераат да работам повеќе. Во оваа фаза од мојата кариера, не ми е гајле. Кога станува збор за силата, тогаш ја сакам, сакате да видите сила, дозволете ми да ви покажам што е сила. Јас го гледам тоа како предизвик, па да видиме кој е подобар“, рече Сабаленка.

Односот со Швјонтек сепак го разбуди интересот на медиумите, па Арина додава:
„Не знам дали имаше некој посебен момент што ја прекина таа состојба. Еднаш ѝ пристапив и во Ријад таа нè замоли да направиме видео за „TikTok“ и помислив дека тогаш можеме да го подобриме нашиот однос. Тоа беше првиот чекор кон подобар однос. Направивме мало видео за танцување и оттогаш почна да станува подобро.“

За полуфиналето – големо колку и финалето – Сабаленка кажа: „Сакам предизвици, тоа е натпревар каде што можеш да напредуваш како играч и кога стануваш посилен. Ги сакам тие предизвици, возбудена сум кога можам да играм против некој силен и кој може да ме предизвика, го прифаќам тоа како предизвик, се борам. Подготвена сум да оставам сè за да победам.“
Кој беше клучот за таа да почне да ја подобрува својата игра – до тенисерка број еден во светот?

Мислам дека сè започна кога се разбрав подобро себеси, кога почнав да ги контролирам своите емоции. Од тој момент, можев да бидам поотворена за други ситуации. Ги контролирав подобро своите емоции и сфатив дека нема да полудувам на теренот, туку да играм подобро, да правам чекори напред. Јас ги освоив титулите во Аделаида, потоа на Австралија Опен. Многу луѓе ми велеа дека моите емоции ме уништуваат. Потоа сфатив дека морам да пробам нешто друго“, откри таа.
За нејзиниот тенис, дури и премногу силната Серена Вилијамс ја нагласуваше „моќта на нејзиниот удар“ – што беше нејзин коментар по нивниот натпревар во 2021 година, а го повторува и денес.
„Убаво, дали навистина го кажа тоа? Не беше посилна во ударите од мене тогаш, но беше физички подобра и враќаше повеќе топки од мене. Не чувствував дека е посилна од мене во однос на силата“, вели Сабаленка.

Како тенисерка која навидум е способна да направи сè на теренот го гледа Бублик како го добива мечот со дури 36 дроп шутеви?
„Тоа е лудо, го гледав натпреварот. Тоа е добро прашање, дроп-шот е ризичен удар, мора добро да го гледаш полето за да го погодиш. Не секој е бестрашен како Бублик, го гледав и тој погодуваше сè, не знам дали погодува толку многу во секој натпревар и ако играше така против сите, сигурно ќе беше во топ 10. Беше луд натпревар, сакав да го гледам петтиот сет, навивав за Дрејпер, бидејќи Бублик правеше толку луди работи.

Работиме со години на тој удар, но нема да го играм често како Бублик. Ако почувствувам дека функционира, ќе го направам тоа, но ќе играм и силно, се чувствувам најдобро кога удрам силно, ако можеш да го натераш противникот да оди далеку зад основната линија, тогаш е добро малку и да ги измешаш работите. Тој удар носи многу придобивки“, заклучи Белорусинката.

ИЗДВОЕНИ