Белоруската тенисерка Арина Сабаленка повеќе од лесно ја победи Украинката Елина Свитолина во полуфиналето на Австралија опен со 2:0, а еден детаљ на самиот почеток на натпреварот привлече големо внимание. На почетокот од четвртиот гем, Свитолина сервираше, а по неколку размени на удари, судијата Луис Енгзел го прекина поенот. Имено, Сабаленка, како и обично, испушташе звуци додека ја удираше топката, но во текот на спорниот поен испушти два последователни звука.
Свитолина, исто така, се прашуваше зошто е прекинат поенот, а збунетата Сабаленка веднаш му се приближи на судијата за да добие објаснување.
– Испушти звук „ах-аја“. Не испушти нормален звук, ова е одвлекување на вниманието – ѝ објасни Енгзел на белоруската тенисерка за тоа дека го прекршила таканареченото правило за „пречка“.
Сабаленка, исто така, побара видеоверификација и откако го прегледа видеото, судијата остана зад својата одлука.
По натпреварот, Сабаленка објасни што се случило во тој момент.
– Никогаш не ми се случило ова. Не знам како да го објаснам, топката беше длабока, отскокна како што не очекував и сè беше во темпото, а јас воздивнав и тоа беше сосема природна реакција, за мене. Кога го запре судијата поенот, си помислив: „Што ти е?“ Мислам дека донесе погрешна одлука, кажувајќи го ова на убав начин… Ме изнервира – рече Сабаленка.
Сабаленка ќе игра против Рибакина во утрешното финалето на Австралија опен од 9.00 часот по македонско време.












