EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, има долгогодишна врска со познатиот бизнисмен Јоргос Франуглис и сè почесто добива прашања за тоа кога ќе стапне на „лудиот камен“. Она што е поважно за Белорусинката е кога ќе одлучи да стане мајка, бидејќи тоа ќе значи крај на нејзината кариера. Во моментов, таа е доминантна на ВТА-турнирите и сака да се натпреварува уште неколку години.

Во едно неодамнешно интервју, таа ја откри својата желба да стане мајка и дека планира да го стори тоа во рок од пет години. Сепак, тоа не значи дека ќе се пензионира во 2030 година, бидејќи зборуваше во минатото за желбата да се врати на терените дури и откако ќе стане мајка.

– На 18 години мислев дека на 25 години ќе освојам сè што сакам. Дека на 25 години ќе родам бебе, ќе се вратам на терените и ќе продолжам да играм. На 25 години мислев дека ќе си дадам уште две-три години. Сега размислувам дека сакам да имам семејство во следните пет години. Че се обидам да се вратам, но, секако, тоа зависи од многу фактори. Многу ги сакам децата и би сакала да имам, но во моментов не ми е приоритет тоа – рече Сабаленка.

Кој е Јоргос Франгулис?

Бразилскиот бизнисмен со грчко потекло неодамна, кога инвестираше во францускиот фудбалски клуб Ле Ман, стана деловен партнер со Новак Ѓоковиќ. Тој и стана верен придружник на најдобрата тенисерка во светот на сите турнири, но не е секогаш лесно да се биде во ложата. Кога го прашаа во што најмногу ужива, тој беше повеќе од јасен.

– Дефинитивно во друштво со Арина, тоа е она што најмногу ми се допаѓа. Најтешкиот дел е да бидам во ложата. Тоа е една од најстресните ситуации што сум ги доживеал некогаш. Седењето во ложата, во текот на тешки натпревари, е најтешкиот дел. Никогаш не кажувам ништо во текот на натпреварите. Се обидувам да не покажувам премногу емоции бидејќи Арина забележува сè што прават сите во ложата – рече Бразилецот.

Што ако губи Арина?

– Само аплаудирам најгласно што можам и сакам да ја натерам да чувствува дека е поддржана. За мене, најважниот дел доаѓа потоа, да се осигурам дека се чувствува добро по завршувањето на натпреварот – заклучи Франгулис.

 

ИЗДВОЕНИ