Граѓаните се повеќе ги користат телефоните и платежните картички за плаќања во трговијата, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.  Податоците од  платежната статистика на Народната банка покажуваат дека во првите три месеци од 2025 година споредено со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%.

– Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност. Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно – велат од Народната банка.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

– Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање – констатираат од Народната банка.

ИЗДВОЕНИ