Руте за Трамп: „Тато понекогаш мора да користи остар јазик“

191
EPA/SEM VAN DER WAL

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Иран и Израел, денеска рече дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“.

Трамп во вторникот ги спореди Иран и Израел со две деца кои се тепаат во училишен двор на кои треба да им се дозволи малку да се „тепаат“, објави Гардијан.

„Всушност, имаме две земји кои се борат толку долго и толку силно што не знаат што по ѓаволите прават. Се борат толку силно, како две деца во училишен двор. Знаете, се борат како луди. Не можете да ги запрете. Нека се борат околу две, три минути. Потоа е полесно да ги запрете“, оцени Трамп.

Коментирајќи ја таа изјава, Руте рече дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“ за да ги спречи тие конфликти.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека е „целосно во ред“ со тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно ја објави приватната СМС-порака што му ја испратил во која го пофалил за притисокот врз сојузниците да трошат повеќе за одбрана.

„Сè што напишав во таа порака се факти и немам проблем со нејзиното објавување“, рече Руте по пристигнувањето на самитот на НАТО во Хаг, тврдејќи дека не чувствувал срам што ја објавил пораката, со која, како што објавува Си-Ен-Ен, „се додворува“ на Трамп.

ИЗДВОЕНИ