Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, следната недела, во вторник (3 март), ќе дојде во официјална посета на земјава, а домаќинка ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата. Ова е прва негова посета како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година, како тогашен премиер на Холандија.
Во 2023 година, во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг.












