понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Руте утре во официјална посета на земјава – првпат откако е на...

Руте утре во официјална посета на земјава – првпат откако е на чело на НАТО

16
EPA/ANTONIO BAT

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.

Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.

Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.

ИЗДВОЕНИ