Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членовите на Алијансата се следната цел на Русија.
Тој на прес-конференција изјави дека НАТО мора да вложи максимални напори за да спречи војна што може да биде „од размерите на војната што ја доживеале нашите дедовци и прадедовци“, објави „Скај њуз“.
Според него, премногу сојузници на НАТО не ја чувствуваат итноста на руската закана за Европа и потребата брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана за да се спречи таква војна.












