Посветеноста на неповратниот пат на Украина кон НАТО останува, но на Киев никогаш не му беше ветено влегување во Алијансата како дел од мировните преговори, изјави денес во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Руте рече дека Украина е поканета на самитот на Алијансата во Хаг, кој ќе се одржи за неколку недели.
„Ја поканив Украина на самитот. Што е можно поскоро ќе објавиме програма со повеќе детали“, изјави Руте за новинарите пред состанокот со министрите за одбрана во Брисел, објави Ројтерс.
На прашањето дали Зеленски е лично поканет, Руте само рече дека програмата ќе биде објавена навремено.