Руте го нарече Трамп „тато“ и предизвика политичка бура во Европа

0

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика гнев низ цела Европа откако го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „тато“ во коментар за случувањата на Блискиот Исток.

Критичарите веднаш го обвинија за ласкање и користење несоодветен јазик за висок функционер на Алијансата.

Во интервју за шпанскиот „Ел Паис“, Руте се обиде да ја смири контроверзноста, истакнувајќи дека „секогаш постојат нијанси во јазикот“.

Тој рече дека не сфатил каков ефект ќе има неговата употреба на зборот „тато“ и дека тоа е дел од неговиот, како што вели, специфичен стил на изразување.

„Ваквите изрази се прашање на вкус – луѓето или ги сакаат или не“, додаде Руте.

Зборувајќи за Трамп, генералниот секретар на НАТО рече дека „навистина му се допаѓа човекот“, нарекувајќи го американскиот претседател „искрено шармантен“.

Руте потсети дека Соединетите Американски Држави се „несомнено најголемата воена сила во светот“ и „главен гарант за безбедноста на Европа благодарение на нивниот нуклеарен чадор“.

Иако нагласи дека сите членки на НАТО се формално еднакви, Руте отворено призна дека „некои се поеднакви од другите“, јасно алудирајќи на улогата на Вашингтон во рамките на Алијансата.

ИЗДВОЕНИ