Руското Министерство за одбрана денес објави дека системите за противвоздушна одбрана собориле 338 украински беспилотни летала и една наведувана воздушна бомба за 24 часа.
„Оперативно-тактичката авијација, ударните беспилотни летала, ракетните сили и артилеријата на групите на руските вооружени сили оштетиле места за складирање беспилотни летала, привремени места за распоредување на украински формации и странски платеници во 132 области“, соопшти министерството, објави Интерфакс.
Како што претходно денес објави Безбедносната служба на Украина (СБУ), во текот на ноќта, украински беспилотни летала го погодиле рускиот аеродром за складирање и лансирање беспилотни летала „Шахед“ во Приморски-Ахтарск, на брегот на Азовското Море, и воениот погон „Електроприлад“ во градот Пенза.