Украинските сили потврдија дека руските трупи се преселиле во источниот индустриски регион Дњепропетровск и се обидуваат да воспостават упориште.
„Ова е прв ваков напад од големи размери во регионот Дњепропетровск“, изјави за Би-Би-Си Виктор Трехубов од оперативно-стратешката група на украинската војска.
Тој исто така тврди дека успеале да го сопрат напредувањето на Русите.
Русија со недели тврди дека навлегла во таа област и дека нејзините сили се обидуваат да навлезат подлабоко на украинската територија од регионот Донецк.
На почетокот на јуни, руските претставници изјавија дека започнала офанзивата во Дњепропетровск.