понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Руските сили погодија украински фабрики за дронови, потврди Министерството за одбрана

Руските сили погодија украински фабрики за дронови, потврди Министерството за одбрана

118

Руската војска соопшти дека нападнала фабрики за склопување беспилотни летала со долг дострел и енергетски објекти на украинските вооружени сили, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

„Оперативно-тактичката авијација, ударните беспилотни летала, ракетните сили и артилеријата на воените групи на руските вооружени сили оштетија објекти на енергетската инфраструктура распоредени во интерес на вооружените сили на Украина, како и работилници за склопување на ударни беспилотни летала со долг дострел и нивните магацини“, соопшти министерството, според Интерфакс.

Тие рекоа дека нападите биле извршени и врз привремени точки на распоредување на украинските вооружени сили во 149 области.

ИЗДВОЕНИ