Шведските царински службеници и крајбрежни стража го запленија рускиот контејнерски брод „Адлер“, чиј сопственик е под санкции од ЕУ и САД и е обвинет за транспорт на оружје користено во војната против Украина, објавува „Екпресен“.
Според царината, бродот се закотвил во шведските територијални води ноќта на 21 декември откако му запрел моторот и полициските службеници се качиле на него бидејќи екипажот не поднел царински декларации.
„Царинскиот преглед сè уште не е завршен, па не можам да кажам до какви резултати довел“, изјави портпаролот на царината, Мартин Хеглунд.
Како што забележува „Екпресен“, сопственик на „Адлер“ е „М Лизинг“ ДОО, кој е под санкции од САД и ЕУ по обвинение за транспорт на муниција што ја користела Русија во војната против Украина.
Изданието, повикувајќи се на украинската разузнавачка служба, исто така пишува дека „Адлер“ транспортирал руски ракети во Кина во 2018 година.
Контејнерскиот брод го напуштил Санкт Петербург на 15 декември, а неговата крајна дестинација е непозната.
Според информациите добиени од СВТ, Националната единица за итни интервенции, исто така, учествувала во обезбедувањето на бродот. Според телевизијата, Сапо (Шведската безбедносна служба) е исто така вклучена во случајот.
„Општо земено, имаме тесна соработка со многу различни институции, но не навлегувам во тоа како изгледа во поединечни случаи“, изјави портпаролот на Сапо, Јонатан Свенсон, за Expressen.
Полиција: Сè помина непречено
Инспекцијата продолжи утрово, и затоа Мартин Хеглунд не сака да зборува за тоа што е пронајдено досега.
Качувањето помина непречено, вели тој.
„Екипажот беше многу услужлив“.
Полицијата, исто така, потврдува дека сè помина непречено.
„Нашата улога беше да обезбедиме инспекцијата да може да се спроведе на безбеден начин. И да, сè помина непречено и безбедно“, изјави портпаролката на полицијата, Сара Андерсон.












