четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Руски новинарка загина во експлозија на нагазна мина на боиштето во Украина

Руски новинарка загина во експлозија на нагазна мина на боиштето во Украина

80
X Иван ☦Фото: @lll_Ivan_H

Новинарката на руската државна телевизија и воен дописник Ана Прокофјева загина во експлозија на нагазна мина во руската област Белгород, во близина на границата со Украина. Снимателот Дмитриј Волков, кој бил со неа е тешко повреден, објави во средата државната телевизија Канал 1.

„Воениот дописник на Канал 1, Ана Прокофиева, го загуби животот додека ја вршеше својата професионална должност“, се вели во соопштението на мрежата. Екипата на „Канал 1“ наиде на непријателска мина“.

Прокофиева, која имаше 35 години, известуваше за војната во Украина за Канал 1 од 2023 година. Нејзината последна објава на апликацијата Телеграм, објавена во вторник, покажува дека таа седи во шума, облечена во воена униформа, со камера закачена на кацигата.

Неколку руски новинари се убиени за време на војната во Украина, меѓу кои и воениот дописник на весникот „Известија“, кој загина во понеделникот во регионот Харков во Украина.

Според Меѓународната федерација на новинари, најмалку 21 новинар ги загубиле животите од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

ИЗДВОЕНИ