Руски научници открија лек против стареење: Нов „хемиски коктел“ ја подобрува функцијата на мозокот

69

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста.

Научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски во Нижни Новгород (ННСУ) користеле пристап заснован на концептот на делумно клеточно репрограмирање, што создало ефект на подмладување без ризици поврзани со целосно клеточно репрограмирање, вклучувајќи го и ризикот од развој на канцер.

Истражувачите користеле „коктел“ од две хемиски соединенија – RepSox и транилципромин (TCP), а експериментот бил спроведен на постари женски глувци.

Животните добивале инјекции од лекот 30 дена, а потоа, експертите ги проценувале нивните невролошки индикатори, физичката состојба, здравјето на скелетот и општата здравствена состојба.

Истражувачите откриле дека животните покажале подобрување на невролошката функција за 25 проценти, зачуван интегритет на скелетот и зголемено снабдување со крв во церебралниот кортекс.

Според научниците од Универзитетот Лобачевски, комбинираната терапија покажала корисни ефекти врз системските процеси на стареење, но потребни се понатамошни истражувања за да се разјаснат точните молекуларни механизми и потенцијалните долгорочни несакани ефекти.16

ИЗДВОЕНИ