
Најмалку едно лице настрада во руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти, пренесе „Бета“.
Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. „Ова доведе до итни прекини на електричната енергија во неколку региони“, изјави министерката за енергетика Светлана Гринчук на „Фејсбук“.
Напад со беспилотно летало погоди деветкатница во источниот град Днепар, при што загина една жена, а шест други беа повредени, соопштија службите за итни случаи.
Властите во регионите Харков и Сум на североисток пријавија експлозии, додека властите во Одеса на југ соопштија дека руските напади оштетиле енергетска инфраструктура.











