Руски напад врз пристаништето во Одеса – осум лица загинаа, а 27 се повредени

31
Фото:википедија

Осум лица загинаа, а 27 се ранети во руски напад врз пристанишната инфраструктура во Одеса, објавија утрово украинските служби за итни случаи, пренесе „Бета“.

Пристаништето во Одеса беше погодено од балистички ракети синоќа, изјави гувернерот на регионот Одеса во јужна Украина, Олег Кипер.

Украинската војска го погоди рускиот воен брод Охотник и неколку други објекти со беспилотни летала, објави украинскиот Генералштаб.

Бродот патролирал во Каспиското Море и се приближил до платформа за производство на нафта и гас, додека проценката на штетата е сè уште во тек, се додава во соопштението.

Нападот, исто така, погодил и платформа за дупчење на нафтеното и гасно поле Филановски во Каспиското Море, управувано од Лукоил.

ИЗДВОЕНИ