Руски милијардер е упасен за серија убиства

114

Суд во Москва му одреди притвор на милијардерот Ибрахим Сулејманов до 2 декември, кој е обвинет за организирање на две убиства и еден обид за убиство, објавува „РИА Новости“.

Судењето се одржа зад затворени врати, на барање на истражителите, со образложение дека материјалите содржат податоци заштитени со закон, како и здравствени информации. Во јавниот дел, Сулејманов изјави дека веќе бил осуден за измама и легализација на криминални средства во средината на 2000-тите, кога добил повеќегодишна затворска казна, и додаде дека е „акционер“.

Јавноста беше информирана за неговото апсење во петок. Според Телеграм каналот База, милијардерот е поврзан со убиството на поранешниот шеф на Федералната служба за финансиско закрепнување, Георги Таљ, во 2004 година. Таљ беше убиен во напад во близина на неговиот дом, кога непознато лице испука неколку куршуми кон него и избега.

Таљ ја раководеше Федералната служба за финансиско закрепнување и банкрот од јануари 1998 до јануари 2001 година. Истражителите дури и тогаш се сомневаа дека нападот е поврзан со неговите професионални активности.

Мухамед Дарбишев, чиј роднина почина од срцев удар откако беше приведен, исто така беше уапсен како дел од истата истрага, изјави извор за „РИА Новости“.

ИЗДВОЕНИ