Руските државни медиуми во четвртокот објавија дека американскиот секретар за државна безбедност Марко Рубио би можел да присуствува на прославата на 9-ти мај на Црвениот плоштад во Москва, кој го одбележува крајот на Втората светска војна. Телевизискиот канал „Звезда“, кој е под контрола на руското Министерство за одбрана, се повикува на неименуван дипломатски извор, тврдејќи дека Рубио би можел да ги претставува САД на воената парада, пренесе „Њусвик“.
Друга потврда на оваа информација нема.
Извештаите во руските медиуми дека Рубио би можел да присуствува на парадата во Москва, според медиумските извештаи, би можеле да бидат обид за ширење дезинформации, имајќи предвид дека преговорите за прекин на огнот во војната што ја започна Путин се во застој.
Во објава на Телеграм, „Звезда“ наведува:
„Високо рангирана делегација од Соединетите Држави може да се појави на Парадата на победата на 9-ти мај. Можно е во неа да биде и американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Звезда“, државна национална ТВ мрежа управувана од руското Министерство за одбрана која се залага за антизападна политика и провоена пропаганда, е санкционирана од Европската унија и Канада.
РБЦ, кој беше меѓу руските извори на вести кои известија за тврдењата на „Звезда“, соопшти дека до четвртокот попладне, Кремљ сè уште не коментирал. По првиот разговор меѓу Трамп и Путин, францускиот весник Le Point, повикувајќи се на извори, објави дека американскиот лидер би можел да присуствува на парадата.
Доналд Трамп го негираше тоа, како и Кремљ на 21 април.