Руски медиуми: Шеици во Дубаи се забавуваат со малолетни Русинки намамени од лажни агенти за модели

1

Руски тинејџерки се намамуваат во Дубаи на забави со шеици, со ветувања за раскошни подароци и милиони долари, пишуваат руските медиуми. „Менаџерите“ на овие малолетни девојки, од кои некои имаат само 16 години, бараат нивни експлицитни фотографии пред заминувањето, со што ја откриваат вистинската цел на патувањето и им нудат совети како да ги измамат своите родители, објавува „Лента.ру“.

Објавена е преписка помеѓу девојка и „агент за модели“, кој се обидува да ја убеди да оди на патување. Тинејџерката сака да знае дали нејзиното отсуство на сексуално искуство ќе влијае на цената на услугата, откако тој ѝ ветил 10 илјади долари и алудирал дека клиентот често им дава на жените скапи часовници. Тој ја поткрепува пораката со фотографии од дебели купчиња банкноти, луксузни подароци и златни часовници „ролекс“. Девојките кои прифаќаат, како што пишуваат руските медиуми, им кажуваат на своите родители дека одат во ОАЕ за да работат како модели, а потоа ги замолуваат да потпишат заверени формулари за согласност, кои овозможуваат малолетничките сами да патуваат во Дубаи. Најчесто, станува збор за девојки од дисфункционални семејства кои не се финансиски стабилни.

За овие приватни забави зборуваше анонимен украински „агент“ за американското списание „Вајс“ уште во 2018 година. Тој рече дека настаните се одржуваат во тајност, а цената на сексуалните услуги е висока – еден час со жена чини најмалку илјада долари, додека со маж чини околу 500 долари.

Истата година, Екатерина Стецјук од Русија, тогаш 22-годишна, беше приведена во ОАЕ откако скокна од шестиот кат на хотел во Дубаи и претрпи тешки повреди на ‘рбетот. Таа призна дека скокнала од прозорецот за да избега од 39-годишниот шеик, откако избувнала расправија за време на која тој се обидел да ја избоде. Шеикот не бил казнет, но девојката била префрлена од болница во затвор три дена по операцијата. Подоцна била постигната спогодба таа да биде депортирана. Стецјук пристигнала во ОАЕ за да учествува во снимање за модели на покана на луѓе што ги запознала на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ