Ѕвездата на Минесота вајлд, Русинот Кирил Капризов (28), не сакаше да го продолжи договорот со кој ќе станеше најплатен играч во историјата на НХЛ-лигата. Тој наводно одбил осумгодишен договор од 128 милиони долари. Рекордот го држи Леон Драјсаитл, кој има договор од 112 милиони долари со Едмонтон ојлерс, во период од осум години.
Рускиот напаѓач има уште една сезона од петгодишниот договор од 45 милиони долари, кој го потпиша во 2021 година. Тој ќе биде слободен агент на крајот од сезоната 2025/2026. Сопственикот на Вајлд, Крег Лајполд, минатата недела изјави за „Атлетик“ дека не се толку далеку од постигнување договор со Капризов.
- Ова ќе биде огромен договор, веројатно, најголемиот договор во НХЛ досега – рече Лајполд минатата недела.