Рускиот хокеар Кирил Капризов (28) потпиша нов осумгодишен договор со Минесота Вајлд вреден 136 милиони долари, што е најголемиот договор во историјата на НХЛ. Договорот важи од сезоната 2026/27 и ќе трае до сезоната 2033/34.

Капризов со тоа собори два рекорда. Тој стана првиот играч што потпишал толкав договор, надминувајќи ги 124 милиони долари на Овечкин во текот на 13 години, а со 17 милиони долари по сезона го сруши и рекордот на Леон Драисаитл, чиј договор донесе 14 милиони долари по сезона (112 милиони во текот на осум сезони).

 

ИЗДВОЕНИ