Руски дронови сакаат да го отсечат градот од кој Украинците ги потиснаа во 2022./ВИДЕО

284
screenshot X

Руските сили ја продолжија својата офанзива врз јужниот украински град Херсон, обидувајќи се да го отсечат градот со напади со беспилотни летала и уништување на клучен мост што го поврзува центарот на градот со островот Корабел, каде што сè уште живеат околу 1.800 цивили.

Во неделата, серија воздушни напади го оштетија мостот помеѓу островот и остатокот од градот, што доведе до брза евакуација на преостанатите жители. Иако руските напади секојдневно ги таргетираа цивилите низ Херсон во последните месеци, локалното население и спасувачите рекоа дека беспилотните летала не ги таргетирале конвоите евакуирани лица во последните три дена – ретка отстапка од бруталните напади.

Но, вчера попладне се појавија снимки од нови руски напади во близина на мостот и на самиот остров, каде што некои извештаи велат дека се стационирани и украински војници.

 

Повторното освојување на Херсон и поширокиот регион – кој руските сили накратко го држеа на почетокот на инвазијата пред да бидат потиснати од украинската контраофанзива во ноември 2022 година – останува клучна цел на рускиот претседател Владимир Путин. Напорот за отсекување на Корабел од остатокот од градот предизвика стравувања дека Русите би можеле да започнат големо бомбардирање, а потоа да се обидат да ја освојат областа, пишува Индекс.хр

Евакуацијата на островот продолжи во среда, а спасувачите за CNN изјавија дека денот поминал без никакви напади врз конвоите. До крајот на денот, околу 925 луѓе беа евакуирани.

ИЗДВОЕНИ