Русија со дрон нападна автобус во југоисточната Дњепетровска боласт во кој настрадаа 15 луѓе, додека неколку се повредени, изјави Олександр Ханжа, управник на областа.
Украинската служба за итни случаи објави дека по нападот избил пожар, кој пожарникарите брзо го изгаснале.
Нападот се случи откако Русија во текот на ноќта лансираше 90 напаѓачки дронови, од кои 14 погодина девет локации, објави украинското воено воздухопловство.
Ханжа претходно зијави дека во ноќен напат на источниот украинки град Днипро загинале маж и жена.
Руското гранатирање го погоди и центарот на Херсон на југот на земјата, при што е тешко повредена 59 годишна жена, објави градската воена управа на Фејсбук.
Украинската служба за итни случаи објави и дека руски дрон го погодил родилиштето во јужниот град Запорожје, при што се повредени три жени, а во приемниот дел на гинекологија избил пожар кој е брзо изгаснат.
Управителот на регионалната администрација Иван Федоров дополнително изјави дека бројот на повредени е зголемен на шест.
Руското министерството за одбрана објави дека нивните сили користеле оперативно-тактичко воздухопловство, напаѓачки дронови, ракетни сили и и артилерија за да ја нападнат транспортната инфраструктура што ја користат украинските сили.
Москва исто така тврдеше дека руската руската воздушна одбрана соборила 21 украински беспилотни летала над југозападна и западна Русија, без да наведе никакви жртви или штети.












