Црн ден за светот на боречките спортови, откако познатиот руски боксер Абу Јусупов (39) го загуби животот во брутален напад во Берлин. Трагедијата се случила на железничката станица Гесундбрунен, каде што, според германските медиуми, Јусупов бил избоден за време на конфронтација со група напаѓачи.

Според „Тагесшпигел“, боксерот претрпел смртоносни убодни рани во вратот. Итните служби реагирале брзо, а полицијата се обидела да изврши кардиопулмонална реанимација на местото на настанот. За жал, и покрај сите напори на лекарите, Јусупов починал во болница од здобиените повреди.

Веста за неговата смрт се прошири брзо и предизвика шок и неверица во спортскиот свет. Јусупов беше познат како непоразен професионалец во рингот и миленик на навивачите. Тој ги остави зад себе сопругата и трите мали деца. Спортската заедница се збогува со големиот шампион чија кариера беше прекината на најтрагичен можен начин, а за ужасниот настан се огласи и организацијата на WBC.

  • Целото семејство на WBC и неговиот претседател Маурисио Сулејман изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Абу во ова тешко време, се вели во соопштението.

Истрагата за овој напад е во тек, а полицијата интензивно трага по осомничените.

ИЗДВОЕНИ