Руската служба за надворешно разузнавање ја обвинува Украина за „нова кражба“ финансирана од одредени земји од Европската Унија

36
freepic

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) денес објави дека украинските власти подготвуваат „нова шема за кражба“ што ќе ја финансираат одредени земји од Европската Унија, објавија денес руските медиуми.

„Ова вклучува снабдување на украинската армија со артилериска муниција како дел од таканаречената чешка иницијатива за муниција по значително зголемени цени. Шемата се спроведува преку полската компанија PHU LECHMAR“, се вели во соопштението на СВР, објави РИА Новости.

СВР соопшти дека полската компанија планира да купува муниција од земјите од Источна Европа и „од глобалниот југ“, а потоа да ги менува ознаките на производителот и да им ја продава на Украинците како полски производи, но по пет пати повисока цена.

ИЗДВОЕНИ