Руската православна црква воведува молитва против абортусот

21

Руската православна црква одлучи да создаде посебна молитва наменета да ги „просветли“ жените кои планираат абортус, објави рускиот Info24. Одлуката наводно ја донел Светиот синод, а текстот на молитвата треба да биде завршен до 1 декември оваа година.

Иницијативата дошла од Патријаршиската комисија за семејни работи, заштита на мајчинството и детството, а во официјалниот документ се наведува дека станува збор за „посебна молитва за спречување на фетални убиства“.

„Претседателот на Патријаршиската комисија за семејни работи, заштита на мајчинството и детството, свештеникот Феодор Лукјанов, откако ги проучил апелите упатени до претседателот на Руската православна црква, презентирал предлог за создавање посебна молитва за спречување на фетални убиства“, се наведува во официјалниот документ.

Синодалната литургиска комисија има задача да го презентира конечниот текст на молитвата до 1 декември, за кој се вели дека има за цел да ги одврати жените од извршување „фетални убиства“.

Беше утврдено молитвата да се чита по Светата Литургија секоја година на 11 јануари – денот на сеќавање на 14.000 бебиња од Витлеем убиени по наредба на кралот Ирод. Во други денови, молитвата може да се одржи по одлука на парохискиот свештеник или по барање на самите верници.

Оваа одлука доаѓа откако митрополитот Томски и Асиновски Ростислав неодамна им даде совет на Русите кои извршиле прељуба. Според него, мажот не треба да и признае неверство на својата сопруга ако тоа може да „го уништи семејството“, наведува Info24.

ИЗДВОЕНИ