Руската пошта ја прекина копнената достава на пратки до пет земји – меѓу нив балтичките држави, Хрватска и Словенија

28

Руската пошта ја прекина копнената достава на поштенски пратки до пет земји, вклучувајќи ги балтичките држави, Словенија и Хрватска, објави поштата на својата веб-страница, објави руската новинска агенција ТАСС.

Воздушните испораки до овие земји продолжуваат.

Прес-службата на Руската пошта изјави за ТАСС дека не знаат кога ќе продолжи копнената достава.

Странски партнерски превозник изјави за Руската пошта дека „ќе носи пратки таму само со авион“, додаде прес-службата.

Руската пошта повторно почна да прима меѓународна пошта до Република Конго, Сомалија и Чад.

ИЗДВОЕНИ