Руската делегација е во Истанбул, преговорите одложени за попладне

24
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави Би-Би-Си.

Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес потврди дека руска делегација пристигнала во Истанбул, каде што се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, објавија руските медиуми.

„Како што беше кажано во неколку наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а руската делегација пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа“, изјави таа на прес-конференција во Москва, објави новинската агенција Интефакс.

ИЗДВОЕНИ