Руската амбасада му порача на Лондон: Прекинете ја „прокси-војната“ против Москва!

349
EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Руската амбасада во Велика Британија коментираше за серија критички изјави на британски функционери против Русија и препорача да се запре „прокси војната“, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на дипломатската мисија.

-Доколку британската влада навистина сака да ја зајакне националната и меѓународната безбедност, тогаш наместо да поттикнува воена хистерија, треба што поскоро да ја прекине „прокси војната“ што ја започна Киев против Русија, се вели во соопштението.

Меѓу другото, амбасадата ги коментираше зборовите на британскиот министер за одбрана Џон Хили за „секојдневните кибер напади“ на Русија врз Велика Британија. Дипломатската мисија забележа дека „и на море, во воздух и во дигиталниот простор, Русија постојано демонстрира одговорно однесување, целосно во согласност со меѓународното право“.

Претходно, британскиот премиер Кир Стармер најави зголемување на финансирањето за воениот сектор за зајакнување на армијата во услови на зголемени тензии во Европа. Во својата изјава, Стармер ги наведе „нуклеарните ризици“ од конфликтот во Украина и ги истакна, наводно, сајбер нападите и руската „агресија“ во воздух и на море. Кон крајот на мај, „Дејли Телеграф“ објави дека британската армија ќе потроши повеќе од милијарда фунти за вештачка интелигенција и тим хакери способни да се борат во сајбер-просторот против непријателски држави, вклучително и Русија.

ИЗДВОЕНИ