Снежните врнежи во Московскиот регион достигнаа 50 сантиметри, што е двојно повеќе од климатската норма од 25 сантиметри, изјави Михаил Леус од метеоролошкиот центар Фобос.
„Откако снежните врнежи во петокот ја зголемија висината на снежната покривка во главниот град на највисоко ниво од почетокот на оваа зима, снегот почна да се таложи и да се збива во текот на изминатите 24 часа. Сепак, снежните наноси се сè уште над климатската норма насекаде“, напиша Леус на својот Телеграм канал.
Тој истакна дека во Москва, според градската метеоролошка станица ВДНХ, длабочината на снегот утрово била 37 сантиметри, пренесува Танјуг.
Другите метеоролошки станици во метрополата пријавиле снежни врнежи кои се движат од 37 сантиметри во Балчуг до 39 сантиметри во Тушин.
Во Новаја Москва, длабочината на снегот достигнала 44 сантиметри.
„Во Московскиот регион, снежната покривка варира помеѓу 30 сантиметри во Дмитров и Наро-Фоминск и 50 сантиметри во најснежниот град во регионот, Черусти. Денес, длабочината на снегот малку ќе се промени, но во понеделник друг јужен циклон ќе ја зголеми за два до четири сантиметри“, додаде метеорологот.












