Руски рецепт за каша од лук може да помогне при проширени вени и затнати крвни садови.
Природните начини за подобрување на вашето здравје и ублажување на симптомите на разни заболувања стануваат сè попопуларни низ целиот свет. Од билни чаеви и зачини до домашни рецепти, многу луѓе се свртуваат кон природни методи за поддршка на имунолошкиот систем, намалување на воспалението или олеснување на проблемите со варењето и циркулацијата.
Меѓу овие методи е и овој едноставен рецепт од Русија што се користи за згрутчување на крвта. Комбинацијата од лук и лимон, според народната практика, може да помогне при воспаление на површинските вени и блокади.
Еве како да го припремите овој рецепт:
Состојки:
250 г лук
15 лимони
Подготовка:
Подготовката е едноставна. Ситно исечкајте го лукот или сомелете го во блендер, додадете ги лимоните (добро измиени, со кора) и блендирајте сè заедно додека не добиете хомогена маса. Истурете ја смесата во стаклена тегла и покријте ја со газа, а не со капак, за да можат природните состојки да се „проветрат“.
Се препорачува да се зема една лажица дневно, разредена во чаша топла вода. Чувајте ја теглата во фрижидер и консумирајте ја редовно.
Секогаш консултирајте се со лекар пред да користите вакви препарати, особено ако имате проблеми со срцето, крвниот притисок или земате лекови за разредување на крвта.












