Русите влегоа во Покровск, еден од клучните украински градови

590
EPA-EFE/MARIA SENOVILLA

Војниците интервјуирани од „Украинска правда“ откриле дека првите продори на руската пешадија во Покровск биле регистрирани пред пет дена, на 17 јули.

До вечерта на 21 јули, аналитичката платформа DeepState објави дека операцијата за расчистување на руските саботажни групи сè уште е во тек.

„Пред неколку дена, непријателот ја искористи можноста – исцрпеноста на една украинска бригада и погрешната проценка на ситуацијата на теренот ѝ дозволија да влезе во градот преку селото Звирово. Кризата мораше брзо да се реши благодарение на храброста на членовите на 155-та независна механизирана бригада и 68-та борбена бригада, со цел да се спречи можна катастрофа“, се наведува во извештајот на ДипСтејт.

Во него се додава дека руските сили се обидуваат да ги консолидираат своите позиции, чекаат засилување и да ја преземат контролата врз Улицата на бранителите на Украина.

Потрагата по руски саботери и нивната неутрализација, како што се нагласува, продолжила и во текот на вечерта на 21 јули.

„За жал, имаме и загуби. Исто така, инцидентите со таканаречен пријателски оган се случуваат сè почесто – сите брзо сфатија дека се присутни извидувачки и саботажни групи, но многу малку се знаеше за нивните точни рути и позиции. Во такви ситуации, неопходни се ладна глава и прецизна акција“, додава ДипСтејт.

Аналитичарите, исто така, известуваат дека на интернет веќе се појавиле снимки од руска заседа врз украински војници на раскрсницата на улицата Шевченко и улицата „Бранители на Украина“, пренесува Индекс.хр

ИЗДВОЕНИ