Руските ски-скокачи би можеле да се вратат на меѓународните натпревари уште на претстојната новогодишна турнеја, каде што би се натпреварувале како неутрални спортисти, сè додека не биде целосно укината суспензијата наметната по агресијата врз Украина. Шефот на Руската федерација за ски-скокови, Дмитриј Дубровски, потврди дека се во тек подготовките и дека се чека официјална потврда за неутралниот статус на спортистите.

  • Доколку бидеме официјално прифатени по процесот на проверка на неутралноста на спортистите, наше прво натпреварување ќе биде турнирот „Четири скокалници“. Моментално спроведуваме интензивни подготовки за таму. Чекаме информации за доделување неутрален статус и во исто време почнавме да аплицираме за визи потребни за влез во Германија и во Австрија – изјави Дубровски за руската новинска агенција ТАСС.

ИЗДВОЕНИ