Русите прогласија победа во Часив Јар, Украина сè демантираше

451
EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинската војска денес го негираше тврдењето на Москва дека руските сили го освоиле градот Часив Јар во регионот Донецк, кој е едно од главните жаришта на конфликтот на источниот фронт.

„Ситуацијата во Часив Јар остана иста како и во последните месеци. Русија едноставно повторно лаже, за да може ова тврдење да циркулира и да предизвика негирања“, изјави Виктор Трегубов, портпарол на украинската група сили „Хортика“, пренесува Киев Индепендент.

Руското Министерство за одбрана претходно денес објави дека руските трупи го зазеле градот за време на офанзивата во правец на Краматорск и Дружковка.

Москва ги отвора вратите кон последната фаза од борбата за Донбас: Падна и Часив Јар?!

ИЗДВОЕНИ