Русите потврдија дека ќе одат во Турција: „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“

123

Руска делегација во четврток ќе биде во Истанбул, чекајќи ги украинските преговарачи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние само ги оценуваме изјавите на претседателот Путин, кој предложи делегациите на двете земји да разговараат во четврток во Истанбул. Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, му рече Песков на новинарот на ВГТРК, Павел Зарубин, запрашан да ги коментира изјавите на Володимир Зеленски за неговата желба да се сретне со рускиот лидер.

Портпаролот на Кремљ додаде дека членовите на руската делегација ќе бидат назначени откако претседателот ќе издаде соодветни инструкции, пренесува ТАСС.

ИЗДВОЕНИ