среда, февруари 18, 2026
Дома СВЕТ Русите погодија станбена зона во Харков со две ракети, повредени се 13...

Русите погодија станбена зона во Харков со две ракети, повредени се 13 лица, соопшти Зеленски

52
Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека врз основа на прелиминарните податоци, за време на друг напад врз Харков, Русите употребиле две ракети кои погодиле станбена зграда, а началникот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов, објави дека 13 лица се повредени, пренесоа странските агенции.

„Ужасен руски напад врз Харков со две ракети врз станбена зграда. Една од зградите е значително оштетена. Спасувачките операции се во тек и се вклучени сите потребни служби. Точниот број на жртви сè уште не е познат. Службите за итни случаи, Државната служба за итни случаи на Украина, градските и регионалните власти на регионот Харков ќе дадат ажурирани информации“, напиша Зеленски на „Телеграм“, пренесува „Укринформ“.

Според него, токму така Русите се однесуваат кон животот и луѓето – тие продолжуваат да убиваат, и покрај сите напори на светот, а особено на САД, во дипломатскиот процес.

Зеленски нагласи дека само Русија не сака оваа војна да заврши и прави сè секој ден за да продолжи.

ИЗДВОЕНИ