Авионот со Фон дер Лајен останал без ГПС навигација, пилотот слетал со помош на хартиени мапи – сомнежот падна на Русите!

184

Британскиот „Фајненшл тајмс“ денеска објави дека Русија најверојатно го блокирала ГПС системот во авионот со кој претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен летала од Варшава до Пловдив. Според извештаите, GPS навигациските услуги на бугарскиот аеродром биле оневозможени, што го принудило пилотот да го спушти авионот користејќи  хартиени мапи.

Тројца службеници информирани за инцидентот изјавиле дека случајот се третира како руски напад со попречување.

-Целиот ГПС систем во областа на аеродромот исчезна, изјави еден од службениците за „Фајненшл тајмс“.

Откако авионот кружел околу аеродромот еден час, пилотот одлучил да слета мануелно со помош на хартиени мапи, што службениците го опишале како „неспорно  мешање“.

Владите на земјите-членки на ЕУ предупредија дека зголемениот број инциденти на попречување на ГПС, за кои е обвинета Русија, може да доведе до сериозна авионска несреќа, практично „заслепувајќи“ ги комерцијалните авиони во летот.

Инциденти со блокирањето на ГПС се пријавуваат сè повеќе од земјите на  Балтичкото Море и Источна Европа во близина на Русија во последниве години, што влијае на авионите, бродовите и цивилите кои ја користат услугата за секојдневна навигација, забележува „Фајненшл тајмс“.

ИЗДВОЕНИ