Русија во моментов не планира напад врз НАТО, тврди шефот на естонското разузнавање

42
EPA/MAXIM SHIPENKOV

Шефот на Службата за надворешно разузнавање на Естонија, Каупо Росин, денес изјави дека во моментов нема индикации дека Русија планира напад врз балтичките држави или НАТО како целина, но предупреди дека безбедносните ризици во регионот остануваат високи поради војната во Украина и континуираните воени активности.

Во интервју за естонскиот радиодифузер ERR, Росин рече дека проценките на разузнавањето во моментов не укажуваат на непосредна закана.

„Она што го гледаме денес е дека Русија во моментов нема намера да нападне ниту една од балтичките држави или НАТО во поширока смисла“, рече Росин.

ИЗДВОЕНИ