Русија толку многу инвестира во оружје што сигурно не се подготвува за мир, предупредува чешкиот претседател

57
EPA/Filip Singer

Чешкиот претседател Петр Павел вчера во Прага предупреди дека Русија минатата година инвестирала толку многу пари во вооружување што сигурно не се подготвува за мирна иднина.

„Напротив. Затоа, заедно со нашите сојузници, мора да бидеме толку силни за да можеме да ја одвратиме Русија или кој било друг потенцијален агресор од неговите намери“, рече Павел синоќа во своето обраќање на церемонијата по повод 107-годишнината од основањето на Чехословачка.

Чешкиот претседател предупреди дека ако Чесите ја потценат одбраната, лесно ќе изгубат сè што инвестираат во училишта, болници, домување и енергија, а тоа можат да го видат секој ден следејќи ги вестите од Украина.

„Ако некој тврди дека ништо не нè загрозува, дека не треба да ја зајакнуваме безбедноста и одбраната, информациите за граѓаните, дека не треба да се браниме од хибридни напади или манипулирана содржина на социјалните мрежи – намерно лажат. И ако сега се лажеме себеси, ќе платиме висока цена во иднина“, рече Павел.

ИЗДВОЕНИ