Тестирањето на руската крстосувачка ракета „Буревестник“ беше спроведено во целосна согласност со меѓународните обврски на Русија, изјави Константин Воронцов, заменик-директор на одделот за неширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи, за време на денешната седница на Првиот комитет на Генералното собрание на ОН.
„Сакаме да ги потсетиме американските делегати дека претходно споменатиот тест беше спроведен во целосна согласност со нашите меѓународни обврски“, нагласи Воронцов, пренесува РИА Новости.
Рускиот дипломат додаде и дека Москва предлага САД да започнат преговори за спречување на трка во вооружување во вселената, но дека Вашингтон ги блокира овие разговори.












