Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија започнува масовно производство на најновиот ракетен систем со среден дострел „Орешник“.
Путин на средбата во Кремљ со дипломирани студенти на воените универзитети рече дека „Орешник“ многу добро се докажал во борбени услови, пренесе РИА Новости.
„Во тек е масовно производство на најновиот ракетен систем со среден дострел „Орешник“, кој многу добро се докажа во борбени услови“, рече Путин.
„Орешник“ беше успешно тестиран на 21 ноември минатата година во напад на објект на украинскиот воено-индустриски комплекс како одговор на украинската употреба на американско и британско оружје.