Русија: Очекуваме посета на Доналд Трамп

60
EPA/BONNIE CASH / POOL

Од главниот град на Русија доаѓа изјава дека очекуваат американскиот претседател Доналд Трамп да ја прифати поканата на Владимир Путин да ја посети Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за државната новинска агенција ТАСС изјави дека Путин го упатил повикот до Трамп по средбата на лидерите во Алјаска на 15 август, која не донесе напредок во завршувањето на војната во Украина.

„Тој јавно го покани американскиот претседател во Русија“, рече таа, без да ја прецизира локацијата. Додаде дека Москва „очекува возвратна посета од Доналд Трамп“.

„Њузвик“ контактирал со Белата куќа за коментар преку е-пошта надвор од работното време, објави MiamiHerald.

ИЗДВОЕНИ