Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека политичките контакти со голем број европски земји во моментов се во мирување, но дека Москва не гледа потреба да ги „прогонува“ или да моли за продолжување на дијалогот за постигнување мирно решение за Украина.
Рјабков за телевизискиот канал „Россија 1“ изјави дека „ова ќе стане можно кога европските престолнини ќе го променат својот пристап кон Русија“, објави РИА Новости.
На прашањето дали Русија во моментов има контакти со оние европски земји кои водат агресивна политика кон Москва, Рјабков рече дека „постојат разни контакти и контакти на различни нивоа“, од кои „многу едноставно не се објавуваат јавно“.












