Русија не се подготвува за крај на војната, туку за нова офанзива, рече Зеленски

109

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската војска не се подготвува да ја заврши војната, туку подготвува нови офанзивни операции.

На X, Зеленски им се заблагодари на лидерите на Европската Унија за нивната досегашна поддршка за Украина.

Во своето соопштение, Зеленски нагласи дека е „клучно“ единството на ставовите да остане „непоколебливо“ и ги повика партнерите да го зголемат притисокот врз Русија.

„Путин дефинитивно не се спрема за примирје и крај на војната. Тој само сака да ја претстави средбата со Америка како лична победа и продолжува да делува како порано и да ја притиска Украина“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ