Русија може да спречи Трета светска војна од големи размери, тврди Захарова

279

Русија има способност да спречи светот да се лизне во голема Трета светска војна, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Постои. Постои можност“, рече таа на прес-конференција, одговарајќи на прашањето дали Русија има каква било можност да ја обезбеди сопствената безбедност и да спречи светот да се влезе во Трета светска војна од големи размери, објави РИА Новости.

Захарова додаде дека Русија се потпира на анализата на постојано еволуирачките закани во своето воено и геополитичко планирање.

Посебно внимание се посветува на ризиците од поткопување на стратешката стабилност, истакна таа.

Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина, во кој ќе се дефинираат принципите и можните временски рамки за решавање на конфликтот, објави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нацрт-меморандумот ќе ги дефинира и условите за евентуално примирје, рече Захарова, додавајќи дека документот ќе му биде предаден на Киев штом ќе биде готов, пренесува ТАСС.

„Очекуваме украинската страна да ја заврши истата работа и да ни ги испрати своите елаборации истовремено со приемот на рускиот документ“, изјави портпаролката на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Русија е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за евентуален иден мировен договор.

ИЗДВОЕНИ