Русија лансираше 653 беспилотни летала и 51 ракета врз Украина во текот на ноќта

21
Фото:принскрин

Железното депо и неколку вагони во близина на Киев беа оштетени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети, соопшти денес украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“, пренесе „Хина“.

„Русија продолжува да ги игнорира сите мировни напори и наместо тоа напаѓа клучна цивилна инфраструктура, вклучувајќи го нашиот енергетски систем и железници“, рече украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата „Х“.

„Ова покажува дека никакви одлуки за зајакнување на Украина и зголемување на притисокот врз Русија не можат да се одложат, особено не под изговор на мировниот процес“, додаде тој.


Железниците не пријавија никакви жртви во ноќниот напад во градот Фастив. Русија ги засили нападите врз енергетскиот сектор и инфраструктурата на Украина во последните недели, таргетирајќи електрани и железнички центри.

Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 653 беспилотни летала и 51 ракета во Украина преку ноќ. Украинските сили собориле 585 беспилотни летала и 30 ракети, соопшти војската. Укрзализницја објави на Телеграм дека морала да откаже неколку приградски возови во близина на главниот град и Чернигов во североисточна Украина.

Службите за итни случаи пријавија пожар и штета на железничка станица и депо, но не дадоа дополнителни детали. Во извештајот се споменува и напад врз инфраструктурата во регионот Чернигов. Нападот бил насочен кон постројки за производство на електрична енергија во регионите Чернигов, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, соопшти украинското Министерство за развој.

ИЗДВОЕНИ