Властите ја обвинија апликацијата која е многу популарна во змејата, дека не прави доволно за спречувањето на нејзината употреба во терористички цели.
„Рускиот закон и понатаму се игнорира…Не се преземаат никакви вистински мерки за борба против измами и користења на апликацијата за размена на пораки во криминални и терористички цели“, објасни руската Федерална служба за надзор на комуникација, информациски технологии и телекомуникации (Роскомнадзор) во соопштението, како што пренесоа руските агенции.
„Целосно сме подготвени да соработуваме со сите интернет ресурси, како со домашните така и со странските. Но под еден многу едноставен услов: почитување на РУсија и на нејзните граѓани, како и почитување на законите на Русија“, се додава во соопштението, пренесе „Бета“.












