четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русија ја поздрави веста за прекин на огнот во Иран, нуди продолжување...

Русија ја поздрави веста за прекин на огнот во Иран, нуди продолжување на трилатералните разговори за Украина

86
Фото: EPA/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Кремљ денес ја поздрави веста за прекин на огнот меѓу Иран и САД и изрази надеж за продолжување на трилатералните разговори за Украина, со Вашингтон и Киев.

„По вчерашните прилично остри изјави од различни страни, кои предизвикаа големи емоции низ целиот свет, ние природно ја поздравуваме веста за прекинот на огнот и ја поздравуваме одлуката да не се ескалира ситуацијата дополнително“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција.

Тој изрази надеж дека во наредните денови ќе има директен контакт меѓу иранската и американската делегација, што ќе овозможи продолжување на мирните разговори.

„Секоја страна ќе може да ги брани своите интереси, не преку вооружена интервенција, туку околу преговарачката маса“, додаде Песков.

Портпаролот на Кремљ изјави дека Русија се надева дека во блиска иднина „американските претставници ќе имаат повеќе време и повеќе можности за средби во трилатерален формат“ за Украина.

„Тоа е она што го очекуваме“, додаде Песков.

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го прифати предлогот на Пакистан за двонеделен прекин на огнот, во текот на кој треба да започнат преговори и целосно да се отвори Ормутскиот теснец, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ